УСЛУГИ

Доколку вашата компанија нема сопствен персонал за одржување, нашиот тим може, користејќи современи алатки, професионално и квалитетно да врши работи и услуги кои не можете сами да ги извршите.

ОБРАЗОВНА ПРОГРАМА

Доколку сакате вашите машини да работат оптимално, мора да се погрижите и вашите работници да се во „топ кондиција“, па ќе бидат „опремени“ со знаење и експертиза за квалитетна работа.

Одржуваме предавања, семинари и демонстрации на оваа тема.

БиБ УНИКООП нуди и технички услуги за вашите потреби во производството.

ИНФОРМАЦИИ за сите технички иновации врзани за лежиштата

ОБУКА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ врзани за типови на лежишта, монтажа/демонтажа лежишта, методи и уреди за предиктивно одржавање, масти и заптивки (семеринзи) од СКФ програмата.

ТЕХНИЧКА ПОМОШ (услуги) во врска со разрешување на технички прашања, совети, и предлози за реконструкција и модернизација на вашето производство.

СЕРВИСНИ УСЛУГИ – монтажа /демонтажа на лежиштето, периодична контрола на работењето на лежиштата на критичните места во процесот на производството, планирање и управување со ШТОК на лежиштата, избор на огромна палета на масти како и одредување на времето на подмачкување.

БиБ УНИКООП според своите стручни потенцијали во соработка со СКФ располага со свој стручен тим за услуги од СКФ-СЕРВИС, кој може да изврши конкретни услуги во вашето целокупно производство. 

БиБ УНИКООП со својот стручен тим врши услуга, урамнотеженост на обртни тела на погонска состојба према стандарди ИСО.

Рамнотежата се врши на лице место со СКФ уреди.

Бројот на обртаите. 

Големината на обртното тело не е ограничувачки фактор.

БиБ УНИКООП исто така нуди контрола на машини. Со оваа контрола се добива многу појасна слика за состојбата на обртните делови на машините со што се продолжува нивниот работен век.

Посебно внимание при контролата се посветува на лежиштата како елемент од голема важност за работа на машините.

Потреба за овој вид услуги има скоро секое производство.

Мобилната екипа на БиБ УНИКООП секогаш е подготвена за вас на располагање 7 дена во неделата 24 часа дневно. Ова е посебно важно во производството каде што застојот е многу скап, па нашиот сервис се користи и во неработни денови или за хитни случаеви во ноќни термини.

Корисниците на нашите услуги се многу задоволни како од самата услуга, така и од резултатите кои таа ги пружи.

БиБ УНИКООП нуди и услуги на стационирани машини кога е потребна рамнотежа на обртни тела. 

Ако проблемите се такви, да не е можно да се најди решение за вашето производство на нашите простори БиБ УНИКООП во соработка со СКФ-МАКТРЕЈД може да обезбеди преку СКФ СЕРВИСОТ, и такви врсти на услуги.

Да целосно се согледа проблемот, како од инжинерска страна, така и од економска страна, потребно е на теренот да се анализираат сите услови.

Анализата би ја извршиле стручни лица од БиБ УНИКООП во соработка со СКФ-МАКТРЕЈД.

После согледувањето на сиот проблем може да се направи концепт за реализирање на работата и решевање на проблемот.

После конкретното барање од Ваша страна упатен до нас, стручните лица од БиБ УНИКООП после тоа ќе Ви достават конкретна понуда која ќе содржи врсти на услуги и цени.

БиБ УНИКООП нуди и соработка во областа на сервисните услуги, испитувања на состојбата на вашите обртни склопови, центрирање, балансирање, вибродијагностики и др . . .

bbunikoop-logo-novo

ДОВЕРБА И ВРВЕН КВАЛИТЕТ – СТЕКНАТИ И ДОКАЖАНИ НИЗ 35 ГОДИШНА ТРАДИЦИЈА