Зглобни лежишта

Зглобните лежишта се изведени така што да можат да превземаат движења на отклонот помеѓу осовината и куќиштето,или осцилирачките коси наклони во текот на работата, но кај релативно ниски брзини на лизгање.

СКФ зглобните лежишта можат да се добијат како радијални,аkсијални или како лежишта со кос допир. Изведбата челик-на-челик бара дополнително подмачкување. Лежиштата можат да се добијат и во друга изведба, како лежишта на кои не им е потребно посебно одржување.

СКФ зглобните лежишта се темелно испитани, докажани се во погон под тешки услови, па може да се сметаат како целосно сигурни. Тие ги задоволуваат желбите на проектантите, а материјалот и квалитетот им осигуруваат долг век на траење. Новите  изведби со повеќе жлебови за подмачкување кај поголемите лежишта челик-на-челик го подобруваат подмачкувањето и овозможуваат далеку поголеми интервали помеѓу две подмачкувања.

Асортиман

СКФ производната програма ги покрива сите барања за :

  • радијални зглобни лежишта
  • зглобни лежишта со кос допир
  • аксијални зглобни лежишта

СКФ челик-на-челик зглобните лежишта имаат калени и фосфатизирани допирни лизгачки површини и бараат подмачкување.Лежиштата со дијаметар на отворот од 100мм и поголем,имаат посебен систем на подмачкување,со повеќе жлебови во надворешниот прстен.Тоа ги прави нечувствителни на контаминација и осигурува добро подмачкување.

СКФ челик-на-челик зглобните лежишта, зависно од серијата и димензиите,можат да се добијат стандардно со или без заптивки.СКФ зглобните лежишта на кои не им е потребно оджување – зависно од серијата и димензиите – можат да се добијат со разни комбинации на допирните лизгачки површини и тоа :

  • челик / смеса синтер бронза
  • челик/ PTFE влакна-челик / PTFE смеса,

Лежиштата можат да се добијат со или без заптивки, зависно од желбата.

Затворените СКФ зглобни лежишта може да се користат на температури од – 30 до +130 C.

Димензии

Граничните димензии на СКФ зглобните лежишта,наведени во таблиците кои следат,се во согласност со ISO 12 240 -1 и ISO 6124 спецификации.

Толеранции

СКФ зглобните лежишта се произведуваат во толеранции кои се специфицирани во ISO 12 240 -1 и ISO 6125-1982.

Внатрешен зазор

СКФ челик на челик зглобните лежишта стандардно се произведуваат со нормален внатрешен зазор по ISO 12 240 -1.Некои типови може да се добијат и со поголем или помал зазор.Тоа треба да се провери пред нарачката.

Додатни ознаки

А надворешен прстен од два дела

C допирната лизгачка површина е комбинација од челик /смеса синтер бронза

Е надворешен прстен раздвоен на соодветно место

ЕS Е+S

F допирната лизгачка површина е комбинација од челик / PTFE смеса

GR прстените на лежиштето се од не ‘рѓосувачки челик

S  кружен жлеб и два отвора за подмачкување во внатрешниот и надворешниот прстен

2RS заптивки со двострана усна од полиестер еластомер на двете страни на лежиштето

Т  допирни лизгачки површини комбинација челик / PTFE влакно

ТА T+A

ТЕ T+E

TGR T+GR

SKF зглобни лежишта за тешки услови (heavy-duty)

Дизајниран да издржи
Радијални зглобни лежишта за хидроенергетски брана

Постојано достапни

Одговорноста, навременоста и квалитетното завршување на сите барања од клиентите 24/7 СЕ НАШ ЗАШТИТЕН ЗНАК!