Зглобни глави

Зглобните глави се состојат од:

  • метална рачка со заоблување на крајот во кое е куќиштето, од едно стандардно радијално буресто лизгачко лежиште или од рачка со куќиште на крајот и внатрешен прстен на буресто лизгачко лежиште, како и од еден вметнат сув лизгачки инсерт.

SKF зглобните глави може да се добијат како: челик-на-челик или челик-на-бронза зглобни глави, кои треба периодично да бидат подмачкани, или во изведба која не бара посебно одржување.

Сите изведби се испробани во погон и се многу сигурни.

SKF зглобните глави видно ги намалуваат трошоците, како на набавката, така и во експлоатацијата.

Имаат многу долг рок на траење. Нивниот коефициент цена/ ефект е исклучително поволен.

Асортиман

SKF зглобните глави од популарниот асортиман се произведуваат со внатрешен (женски) и со надворешен 9машки) навој. Десниот навој е стандарден.

Може посебно да се нарачуваат изведби со лев навој.

SKF произведува и зглобни глави со рачка за наварување.

Сите челик-на-бронза зглобни глави можат повторно да се подмачкуваат преку вградена мачкалка. Исто така можат додатно да се подмачкуваат и челик-на-челик зглобните глави од големина 25, па нагоре.

Зависно од големината и серијата, зглобните глави на кои не им треба дополнително одржување, имаат разни комбинации на материјал на допирните лизгачки поврѓини: челик/ синтер бронза, челик/ PTFE смеса, челик/ PTFE-влакно.

Димензии

Димензиите на зглобните глави се во согласност со спецификациите ISO 12 240-4 и ISO 6126, со исклучок на серијата SIR, SIRD, SIQG и SCF. Димензиите на серијата SIQG одговараат на ISO 6982.

Толеранции

Зглобните глави се произведуваат во толеранции дадени во ISO 12 240-4.

Внатрешен зазор

SKF челик-на-челик зглобните глави стандардно се произведуваат со нормален радијален внатрешен зазор по ISO 12 240-4.

Дополнителни ознаки

Суфикси кои најчесто се употребуваат со SKF зглобните глави се:

C         допирна лизгачка површина комбинација челик/смеса синтер бронза

Е         лежиштето на зглобната глава има прстен кој е развдоен на одредена позиција

ES        E+S

ESA     E+SA

F          допирна лизгачка површина комбинација челик/PTFE смеса

М        допирна лизгачка површина комбинација челик-на-бронза

2RS  заптивки со двострана уста од полиестер еластомер на двете страни од вметнатото лежиште

S   можност за повторно подмачкување на куќиштето на зглобната глава и внатрешниот прстен

SA       можност за повторно подмачкување на куќиштето на зглобната глава

Т         допирна лизгачка површина комбинација челик/ PTFE влакно

ТЕ       Т+Е

Постојано достапни

Одговорноста, навременоста и квалитетното завршување на сите барања од клиентите 24/7 СЕ НАШ ЗАШТИТЕН ЗНАК!