Y – ЛЕШИШТА + Y ЛЕЖИШНИ ЕДНИЦИ

Y – ЛЕШИШТАТА  се во основа радијални топчести лежишта кои се наполенти со маст и затворени со заптивки од двете страни.

Надворешниот прстен има сферен надворешен пречник и заедно со конкавното сверно налегање во куќиштето овозможува добра компензација на почените грешки во подесувањето.

Специјалните толеранции на отворот кои одстапуваат од вообичаените за радијалните лежишта, продолжениот внатрешен прстен и ексцентричниот прстен за осигурување или пак завртката за осигурување или пак завртката за осигурување ја прават вградбата и демонтажата многу едноставна, со тоа што овозможуа користење на обични, комерцијални, едноставно обработено осовини.

Посебни предности на Y – ЛЕШИШТАТА се :

  • робустен квалитет
  • многу ефикасно заптивање
  • полнење со маст со долг век на траење
  • долг век на траење во работа

Ефект – Цена / Ефект е многу поволен.

 

АСОРТИМАН

Популарниот асортиман на Y – ЛЕШИШТАТА  опфаќа две серии на лежишта со ексцентричен прстен за осигурување и две серии со завртка за осигурување.

Основна разлика постои во ширината на внатрешниот прстен.

Лежиштата со завртка за осигурување можат да се добијат во сериите YAR , YAJ, YET .

Асортиманот на Y – ЛЕШИШТАТА  вклучува и лежишта со обвивка за притегање како и лежиштата во цоловни мерки за рвите четири серии YAR , YAJ, YET, YEL

ТОЛЕРАНЦИИ

Отворот на Y – ЛЕШИШТАТА  со екцентрични прстени за осигурување е ист како и оние со завртка за осигурување, обработен со толернација ( H6 + H7 ) и овозможува едноставна монтажа.

Лежитата со стандарден внатрешен прстен се произведуваат во нормални толеранции во согласност со ISO  492 : 1994.

Сите  Y – ЛЕШИШТА се подмачкуваат стандардно о масти на бази на литиум.

ВНАТРЕШЕН ЗАЗОР

Y – ЛЕШИШТАТА  со екцентрични прстени за осигурување и оние со завртка за осигурувањеимаат нормален радијален внатрешен зазор во соогласност со со

ISO 9628 :1992 .

Y – ЛЕШИШТАТА  со стандарден внатрешен прстен имаат нормален радијален зазор по ISO 5753 : 1991.

КАФЕЗИ

Зависно од серијата на лежиштата ( лагерите )  како и од големината Y – ЛЕШИШТАТА  се изработуваат со:

– кафез од полиамид 6,6 зајакнат со влакна од стаклена волна

Y – ЛЕШИШТАТА   ( лагери ) со кафез од полимид 6,6 највисоката работна температура за овие кафези е  + 110 с, значи истата како и за заптивките.

 

 

Y – ЛЕЖИШНИ ЕДИНИЦИ ( куќишта )

Y – ЛЕЖИШНИТЕ ЕДИНИЦИ ( куќишта ) се состојат од едно Y-лежиште и едно куќиште за Y-лежиште, од сиво леано железо, челичен лим или синтетичка маса.

Поради сверно обработената површина на допир на лежиштето и куќиштето,

Y – ЛЕЖИШНИТЕ ЕДИНИЦИ ( куќишта ) можат да превземат и компензиаат релативно големи почетни отклонувања,меѓутоа тие не поднесуваат аксијални помести , па не се погодни за влежиштување каде се бара слободно лежиште.

Растојанието помеѓу позициите на лежиштето затоа да биде мало, или пак куќиштата трба да бидат поставени на еластични  метални плочки за да се спречат или да се смалат напрегањата.

Y – ЛЕЖИШНИТЕ ЕДИНИЦИ  ( куќишта ) престасвуваат нова класа на достигнувања во оваа област и затоа ги нарекуваат СПРЕМНИ ЗА ВГРАДБА.

Куќиштата од синтетичка маса се отпорни на корозија и лежиштата не треба да се одржуваат бидејќи с енаполнети со специјална маст за долг век на траење.

АСОРТИМАН

Y – ЛЕЖИШНИ ЕДИНИЦИ ( куќишта ) можат да се добијат како лиени со прибраници, и подвижни единици.

Y – ЛЕЖИШНИ ЕДИНИЦИ ( куќишта ) од пресуван челичен лим се изработени од два дела и повторно подмачкување не возможно.

Таквите куќишта се превлечени со цинк за да се спречи корозија.

Y – ЛЕЖИШНИ ЕДИНИЦИ ( куќишта ) кои имаат куќиша од челичен пресуван лим, ДВОДЕЛНО куќиште се испорачува одвоено од лежиштето, па затоа треба одвоено да се НАРАЧУВААТ .

Y – ЛЕЖИШНИ ЕДИНИЦИ ( куќишта ) се вистински ремек дела, додека куќиштата од синтетичи материјал = стабилна изведба а лежиштата имаат многу ефикасни RF заптивки, наполнети со специјална маст со долг век на траење.

Тоа ги прави независно од било какво дополнително одржување или подмачкување.

Y – ЛЕЖИШНИ ЕДИНИЦИ ( куќишта ) со прибрано куќиште им припаѓаат на на сериите на СТАНДАРДНИТЕ  SKF производи .

Деталите за Y – ЛЕЖИШНИ ЕДИНИЦИ ( куќишта ) може да се добијат на Ваше барање.

ДИМЕНЗИИ

Димензиите на Y – ЛЕЖИШНИ ЕДИНИЦИ ( куќишта ) се стандардизирани и одговараат на прописите на ISO : 3228 – 1997, освен висината на центарот на осовината кај куќиштето од пресуван челичен лим, која малку одстапува од тој стандард.

Димензиите на Y – ЛЕЖИШНИ ЕДИНИЦИ ( куќишта ) се во соогласност со ISO 3228 : 1997

Постојано достапни

Одговорноста, навременоста и квалитетното завршување на сите барања од клиентите 24/7 СЕ НАШ ЗАШТИТЕН ЗНАК!