ТОПЧЕСТИ ЛЕЖИШТА ( ЛАГЕРИ ) СО ДОПИР ВО ЧЕТИРИ ТОЧКИ

Топчестите лежишта (лагери ) со допир во четири точки проектирани се така што носат тешки аксијални сили во двата правци, и не се погодни за вградување на позиции каде што преовладуваат радијални оптоварувања.

SKF топчестите лежишта ( лагери ) со допир во четири точки имаат дводелен внатрешен прстен, агол на допир од 35° и голем број големи топчиња.

Предности им се:

  • капацитет на носење на тешки аксијални оптоварувања
  • способност на прифаќање на големи брзини
  • едноставно вградување – монтажа

Толеранции

SKF топчестите лежишта ( лагери ) со допир во четири точки стандардно се произведуваат со нормални толеранции Т.Е. толеранциите одговараат на ISO 15-1981

КАФЕЗИ
Овие лежишта имаат месинган кафез од прозорски тип, центриран на надворешниот прстен.

Додатни ознаки

C3  =     внатрешен аксијален зазор поголем од нормалниот
МА =    месинган кафез од прозорски тип центриан на надворешниот прстен
N2 =     два жлеба за зацврстување во надворешниот прстен под меѓусебен агол од 180°

КАТАЛОГ

Постојано достапни

Одговорноста, навременоста и квалитетното завршување на сите барања од клиентите 24/7 СЕ НАШ ЗАШТИТЕН ЗНАК!