ТОПЧЕСТИ ЛЕЖИШТА ( ЛАГЕРИ ) СО ДОПИР ВО ЧЕТИРИ ТОЧКИ
Топчестите лежишта (лагери ) со допир во четири точки проектирани се така што носат тешки аксијални сили во двата правци, и не се погодни за вградување на позиции каде што преовладуваат радијални оптоварувања.
SKF топчестите лежишта ( лагери ) со допир во четири точки имаат дводелен внатрешен прстен, агол на допир од 35° и голем број големи топчиња.
Предности им се:
- капацитет на носење на тешки аксијални оптоварувања
- способност на прифаќање на големи брзини
- едноставно вградување – монтажа


Толеранции
SKF топчестите лежишта ( лагери ) со допир во четири точки стандардно се произведуваат со нормални толеранции Т.Е. толеранциите одговараат на ISO 15-1981
КАФЕЗИ
Овие лежишта имаат месинган кафез од прозорски тип, центриран на надворешниот прстен.
Додатни ознаки
C3 = внатрешен аксијален зазор поголем од нормалниот
МА = месинган кафез од прозорски тип центриан на надворешниот прстен
N2 = два жлеба за зацврстување во надворешниот прстен под меѓусебен агол од 180°
КАТАЛОГ
Постојано достапни
Одговорноста, навременоста и квалитетното завршување на сите барања од клиентите 24/7 СЕ НАШ ЗАШТИТЕН ЗНАК!