SNH Куќишта – Split plummer block housings – SNL 2, 3, 5 and 6 series

 

SNH Куќиштата ги разви и ги лансира SKF.

Изведбата се базира на модуларен принцип.

Можат да се комбинираат со разни запривки.

Заедно со соодветното лежиште тие формираат економични, меѓусебно заменливи лежишни единици кои се составуваат соодветно потребите за нивната примена.

SNH куќиштата имаат дупки во својата основа, за две продолжени заптивки.

Хоризонтално се поделени на два дела и евентуално лошо поставување на поклопецот врз основата на куќиштето не е можно заради вградените клинови кои се несиметрично поставени и на кои треба да се прилагодат соодветните дупки во поклопецот (горниот дел на куќиштето) мора да остане во однос на основата (долниот дел на куќиштето) онаков, како што е испорачан.

SNH куќиштата имаат налагање на слободен лежиштен склоп. Крут лежиштен склоп може да се постигне со уфрлање на прстен за осигурување од секоја страна на лежиштето. На куќиштата им одговараат самоподесливи топчести лежишта (лагери), буресто валчести лежишта, како оние со цилиндричен отвор така и оние со конусен отвор и седло за притегање (хилзна).

SNH куќиштата кои ги произведува SKF овозможуваат широка примена, бидејќи ги покриваат областите на речиси сите случаи на вградување на осовина со пречник помеѓу  20 и 160 мм и тоа со мал број на различни куќишта.

Други предности се:

  • Висок квалитет на производите
  • Голема отпотност
  • Голем број на можни комбинации
  • Одличен однос цена/ ефект.

Асортиман

SNH куќиштата се произведуваат во две изведби. Во стандардната, која не може веќе да се подмачкува ако не се отвори и во Н изведба која може и затворена и затворена додатно да се подмачкува. Н изведбата има на поклопецот од куќиштето една дупка со навој во кој се поставува мачкалката и тоа од страна на налегањето на лежиштето.

Поголеми димензии на куќиштето можат да се добијат во исклучително отпорна SSNHD изведба. Тие куќишта се произведуваат од модуларен графитен лив, а по димензиите се еднакви на SNH куќиштата, освен што стандардната SSNHD изведба е без дупки за завртка во основата.

SKF каталогот за кушќишта ги содржи сите подробности  на севкупниот асортиман на куќишта, кои што ги произведува SKF.

Димензии

Димензиите на овие куќишта се во согласност со ISO 113/II- 1979. Спецификациите.

Материјали

SNH куќиштата се произведуваат од сиво леано железо GG 20, а SSNHD куќиштата од модуларен графитен лив GGG30.

Заптивки

Една од најголемите предности на SNH куќиштата е нивната способност да носат многу различни заптивки. Тоа се:

  • Заптивките со двојна уста (TG)
  • V прстенастите заптивки (ТА) и
  • Заптивки од филц (TC)

Специјална гарнитура на заптивки која што ги вклучува V- прстенот со лимен поклопец кој го покрива секторот поголем од 180° е можно да се добие за користење на куќиштата со Н изведба кои можат повторно да се подмачкуваат.

SKF housing solutions
for bulk conveyors

SE bearing housings

SKF converter housing system
lets steel plants do more with less

Постојано достапни

Одговорноста, навременоста и квалитетното завршување на сите барања од клиентите 24/7 СЕ НАШ ЗАШТИТЕН ЗНАК!