КОНУСНО ВАЛЧЕСТИ ЛЕЖИШТА ( ЛАГЕРИ )
SKF конусно валчестите лежишта ( лагери ) се проектирани така што можат да се превземат комбинирани радијални и аксијални сили.
SKF едноредните конусно валчести лежишта ( лагери ) можат да ги прифатат само аксијалните сили и тоа во еден правец, па затоа се подесени на едно друго лежиште кое ги превзема аксијалните сили кои делуваат од друг правец.
SKF едноредните конусно валчести лежишта ( лагери ) можат да се разделат шо значи дека внатрешиот прстен со склопот валчиња и кафези ( CONE ) може да се вградат одвоено од надворешниот прстен ( CUP )
Оптималната внатрешна геометрија вклучувајќи го допирот помеѓу валчињата и работ на цврстото рамо а исто така и одлично обработената површина на сите лежишни елементи ги прават SKF конусно валчестите лежишта ( лагери )
- многу ценети поради ниското триење
- им даваат висок капацитет на носивост
- ги прави сигурни во склоповите на лежиштата
- им дава уште поголема погонска отпорност дури и под тешки оптоварувања или отклони во текот на работата.


SKF конусно валчестите лежишта ( лагери ) од CL7A и CL7C изведба се користат во најтеши погонски услови кај променливи ударни аксијални оптоварувања како што е случај во склоповите на задната осовина на автомобилите.
АСОРТИМАН
SKF конусно валчестите лежишта ( лагери ) произведува еднореднивалкасти лежишта во метрички и цоловни мерки.
ДИМЕНЗИИ
Граничните димензии на метричките SKF конусно валчестите лежишта ( лагери ) се во соогласност со ISO 355 – 1997 а оние во цоловни мерки одговараат на стандардите
ABMA 19 – 1974
ТОЛЕРАНЦИИ
SKF конусно валчестите лежишта ( лагери ) се произведуваат стандардно во нормални толеранции, и одговараат на ISO 492- 1944 прописи.
SKF конусно валчестите лежишта ( лагери ) во цоловни се произведуваат во склад со препораките ISO 578 : 1987 AFBMA стандарди 19-1974 класа.
КАФЕЗИ
Сите SKF конусно валчести лежишта ( лагери ) имаат пресувани челични кафезии од прозорски тип.
Постојано достапни
Одговорноста, навременоста и квалитетното завршување на сите барања од клиентите 24/7 СЕ НАШ ЗАШТИТЕН ЗНАК!