ЕДНОРЕДНО ЦИЛИНДРИЧНО ВАЛЧЕСТИ ЛЕЖИШТА ( ЛАГЕРИ )

Едноредните цилиндрично валчести лежишта ( лагери ) се произведуваат во неколку различни изведби, кои меѓусебно се разликуваат по распоредот, и по бројот прибарниците.

Склопот на кафезот и валчињата се лизга помеѓу цврстите рабови на едниот од двата прстени.

Тоа го прави вградувањето едноставно, особено во случаеви кога од двата прстени се бара да имаат цврсто прилегање.

SKF Едноредните цилиндрично валчести лежишта (лагери ) преставуваат последно, најново достигнување на техниката.

Геометријата на допирот помеѓу валчињата и патеките на тркалањето прилично е напредната со користење на “ ЛОГАРИТАМСКИОТ ПРОФИЛ “ а значително подобрата оптимална површина на лежиштето дозволува создавња на тенок филм за подмачкување што го олеснува правилното вртење на валчињата.

Погодната изведба на допирот на краевите на валчињата и цврстиот рамен прстен, ја зголемува моќта на носењето, а ја намалува погонската температура.

SKF Едноредните цилиндрично валчести лежишта ( лагери ) даваат уште поголема сигурност во работата, а помала чуствителност на можните неповолни ситуации, вклучувајќи ги и проблемите со отклонот во текот на работата.

АСОРТИМАН
Цилиндрично валчестите лежишта ( лагери ) од типот NU, N , NJ, NUP се во постојано сериско производство, а аголните прстени се произведуваат за некои од лежиштата од типот на NU и NJ.

ДИМЕНЗИИ

Димензиите сe во склад со ISO 15-1981 прописите, а димензиите на аголните прстени одгоараат на ISO 246-1978

ТОЛЕРАНЦИИ

SKF Едноредните цилиндрично валчести лежишта ( лагери )  се произведуваат стандардно во нормални толеранции кои одговараат на ISO 492: 1994

Внатрешен зазор

SKF Едноредните цилиндрично валчести лежишта ( лагери )  имаат стандарден нормален радијален зазор, но многу од нив можат да се добијат во изведба со зазорот C3  = внатрешен аксијален зазор поголем од нормалниот

Границите на тој зазор се специфицирани во ISO 5753 : 1991

КАФЕЗИ

Зависно од серијата на лежиштата, како и од големината SKF Едноредните цилиндрично валчести лежишта  ( лагери ) можат да се добијат со :

  • кафез од полиамид 6,6 зајакнат со влакна од стаклена волна
  • пресуван челичен кафез, или
  • месинган кафез – машински обработен

Лежиштата со кафез од полимид 6,6 можат номално да се користат на температури до 120 с.

Додатни ознаки

C2  =     радијален внатрешен зазор помал од нормалниот
C3  =     внатрешен аксијален зазор поголем од нормалниот
Е   =      оптимална внатрешна конструкција на повеќе и/ли поголеми валчиња
EC =     оптимална внатрешна конструкција, повеќе и/ли поголеми валчиња, како и подобрени услови на допир помеѓу валчињата и работ на рамото на прстенот.
M =     месинган кафез, машински обработен од два дела центриран на валчиња
Ј  =      пресуван челичен кафез
ML =  по облик оптимизиран месинганиот кафез од прозорски тип, центриран на внатрешниот ли надворешниот прстен
P =  кафез од полиамид 6.6 зајакнат со влакна од стаклена волна

PEEK – comparison
to other cage materials

SKF Explorer single row
cylindrical roller bearings

SKF high-capacity
cylindrical roller
bearings

Постојано достапни

Одговорноста, навременоста и квалитетното завршување на сите барања од клиентите 24/7 СЕ НАШ ЗАШТИТЕН ЗНАК!