БУРЕСТО ВАЛЧЕСТИ ЛЕЖИШТА – ЛАГЕРИ
SKF Буресто валчестите лежшта ( ЛАГЕРИ ) се самоподесливи па затоа се нечуствелни на аголните поместувања на осовината во однос на куќиштето или на виткањето на осовината.
Капацитетот односно моќта на носењето им е значително поголема, како во смисла на радијалните така и на ксијалните оптоварувања.
SKF Буресто валчестите лежишта ( ЛАГЕРИ ) се МНОГУ-ПОВОЛНИ за примена кај ТЕШКИТЕ ОПТОВАРУВАЊА.
SKF Буресто валчестите лежишта ( лагери ) носат поголем број долги симетрични валци со поголем дијаметар и затоа можат да носат извонредно големи товари.
Нивната внатрешна геометрија е ремек дело на техниката.
- Работат на ниски теператури
- Можат да се прилагодат на инзворедно тешки аксијални оптоварувања и
- да имаат екстремно долг век на траење


АСОРТИМАН
SKF Буресто валчестите лежишта ( ЛАГЕРИ ) се произведуваат со конусен или цилиндричен отвор.
Конусниот отвор е 1:12 освен за широки серии 240 и 241 кај што конусот е 1:30
SKF исто така испорачува соодветни притегачни хилзни ( седла ) за извлекување кои се погодни за лежишта со конусен отвор, а тоа исто така овозможува да лагерите ( лежиштата ) лесно да се вградуваат на гладтки или скалести осовини.
ДИМЕНЗИИ
Граничните димензии на ( лагерите ) лежитата кои се наведени во таблиците се во согласност со ISO 15 – 1981 препораките.
ТОЛЕРАНЦИИ
SKF Буресто валчестите лежишта ( ЛАГЕРИ ) стандардно се произведуваат во нормален зазор, толеранциите одговараат на ISO 492 : 1994
ВНАТРЕШЕН ЗАЗОР
SKF Буресто валчестите лежишта ( ЛАГЕРИ ) стандардно имаат нормален внатрешен радијален зазор.
Може да се добијат и со помал и поголем зазаор од нормалниот но тоа мора да го ПРОВЕРИТЕ пред да нарачате .
Границите на толеранцијата се дадени во спецификацијата ISO 5753 : 1991
SKF Буресто-валчести лежишта
SKF Explorer spherical roller bearings
Зошто SKF
Од дизајн до линија
Постојано достапни
Одговорноста, навременоста и квалитетното завршување на сите барања од клиентите 24/7 СЕ НАШ ЗАШТИТЕН ЗНАК!