ЛИНЕАРНО ДВИЖЕЊЕ

ЗА ПОЕДНОСТАВНОСТ И ПОНИСКА ЦЕНА ВО ПРОИЗВОДСТВОТО

SKF Linear Motion припаѓа на SKF групи и е специјализиран за производство и продажба на широк спектар на единици и системи за линеарно движење, прецизни компоненти, изнаоѓање решение за водење и движење и позиционирање. Треба да се додаде дека SKF Linear Motion располага со голем број специјализирани, наменски решенија за различни видови индустрии кои поедноставуваат и со самото тоа ги намалуваат цените, истовремено поставувајќи го квалитетот на највисоко ниво.

SKF Linear Motion производите можат да се поделат во четири групи:

ВОДИЛКИ

За да обезбедиме највисоки перфоманси за сите видови на водилки, производниот програм се состои од производи од висок квалитет и тоа: Линеарни лежишта и прецизни вратила; Систем на профилни водилки (шини и колички); Високо прецизни водилки, Клизачки.
Главни предности:
• Линеарните лежишта и прецизните вратила се многу економично и просто решение со можност за самоподесување на линеарни лежишта, што е многу важно кога доаѓа до мало набабрување на вратилата. Затегнатоста во системот на вратилата на линеарниот лежај е подесувачки, што е многу битно кај прецизните апликации. Извесни апликации бараат потпорно вратило и различни варјанти на куќишта во кои спаѓаат специјални линеарни лежишта (како на сликата);

Профилните водилки се модулаторен тип и профилирани шини истотака ISO стандардизирани kолички. Овие системи имат далеку поголема носечка сила ви потполност без потреба за одржавање. Стандардоста на овие системи со висок квалитет овозможува лесна , брза замена и достапност.
Високопрецизните водилки се одликуват со уште подобри перфонманси од предходните kaко што можe да се види на приложениот дијаграм, имаат различна конструкција и eлементи. Карактеристиките во однос на крутост и носивост се меѓу најдобрите во класата.

Навојно вретено

Навојно вретено со куглична рецикулациона навртка се елементи кои служат за движење во апликациите каде што ротационото движење се се претвара во линеарно (машини, алатки, пакерици, производствени линии и др …)

Оваа група може да се подели на : Валчести вретена со рецикулациони куглични навртки; Брусени вретена со рецикулациони навртки ; Вретена со ”roller screw” навртки; Минијатурни вретена.

  1. Валчести вретена со рецикулациони куглични навртки задоволува најширок спектар на апликација и економски е најприфатливо за производителите на машини. Аксијалната точност, како и прецизноста на целото вретено,и зависи од потребите за секоја поединачна апликација.
  2. Брусените вретена со рецикулациони навртки се со висока прецизност и најчести во употребата каде што точноста е од круцијално значење (машини, алатки, системи за позиционирање, итн.);
  3. Вретена со”roller screw” навртка имаат носивост од повеќе до десетина тона , врвно прецизни и цврсти. Најдобрата особина на овој тип на вретена е што и според фантастичните носивости ја задржува можноста на работа при големи брзини поради тоа се употребуваат во машините за пресовање (големата носивост, се користи во најразлични типови на дизалици)

Минијатурните вретена се многу компактни и интересни за големи сериски производства поради своите карактеристики и економични цени.

Актуатори

Големото искуство и Знаење стекнато со аквизициите на големиот број на компании,историски препознатливи на актуаторскиот пазар овозможува на СКФ да излезе во пресрет на најпобаруваните апликации. Производниот програм на СКФ фабриките за актуатори распоредени во Северна и Јужна Америка преку западна Европа и далечниот Исток опфаќа како стандардни така и специјални актуатори. Оваа група може да се подели на : Линеарни актуатори, Телескопски столбови, Ротационо актуатори, и Контролни единици.

  1.  Линеарните актуатори на СКФ се со различни типови и намени и се состојат од навојни вретена електромотори,спојки, и додатна опрема ( прекинувачи, системи заследење состојба, сигурносни кочници итн …)Постојат стотина линиски актуатори со различна снага, брзина, и движење, кои секој посебно може да има освен стандардни карактеристики и опции по желба на корисникот.

Телескопските столбови се совршен дизајн во алуминиумско куќиште, многу се тивки во работа со (прекинувачи) со ергономски дизајн и прилагодени за најразлични апликации. Често се применуваат во медицината и индустријата за мебел.

Ротирачките акутатори се моделарни типови и можат да излезат во пресрет на најразлични апликации (автомобилски седишта, болнички кревети, ротациони столови и др…)
Контролните единици се развијјани во склад со потребните апликации така да потполно ги исполнуваат естетските и ергономските барања.

Системи за позиционирање

Комбинирајќи ги знаењата од технолошките процеси на производството и досега-опишаните системи за придвижување, контрола на движење и пратење СКФ произведе систем за позиционирање кој може за се подели на : Минијатурни позиционери, Стандардни позиционери, прецизни позиционери, и комплетни системи.

  1. Минијатурните позиционери имаат многу компактен дизајн.
  2. Стандардните позиционери можат да бидат придвижувани од најразлични начини во зависност од потребата на апликацијата.
  3. Прецизните позиционери се во состојба да излезат во сусрет на потребите за најголема прецизност.
  4. Комплетните системи во себе практично обединуваат се од ова предходно наведеното.